Баварскиот производител го претставил својот прв електричен автомобил уште во далечната 1972-ра година во Минхен, каде бил користел за Летните Олимписки Игри.
Малиот електричен автомобил користел 12 стандардни автомобилски акумулатори кои тежеле вкупно 350 килограми, а електромоторот бил производ на Bosch. Автомобилот имал активно учество и во самите Олимписки Игри, служејќи како возило за поддршка на неколку настани – а придобивките биле повеќекратни – како за BMW, така и за натпреварувачите кои дишеле чист воздух.
Според официјалните податоци од BMW, малиот BMW 1602 Electric имал автономија од околу 60 километри – што воопшто не е лошо ако се земе во предвид тогашната технологија за батерии и електромотори.