Opel ќе понуди Corsa Turbo со 1.4-литарски турбо-бензинец и 150 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel ќе понуди Corsa Turbo со 1.4-литарски турбо-бензинец и 150 коњски сили!

Opel Corsa Turbo – колку привлечно тоа звучи. Германскиот производител ќе започне во Corsa да вградува 1.4-литарски турбо бензинец со 150 коњски сили!

1.4-литарскиот турбо-бензинец е истиот кој се вградува во Opel Adam S и исто како и таму, и тука нуди 150 коњски сили и 220 Nm вртежен момент – д0волно за урбаната Corsa да забрза до 100 километри на час за 8.9 секунди и да постигне максимална брзина од 207 километри на час. Во соработка со шест-степен мануелен менувач, силата ја пренесува кон предните тркала, а според официјалните бројки би требало да троши 5.9 литри гориво на 100 километри, што делумно се должи и на Старт/Стоп системот кој е дел од стандардната опрема.

Овој модел е наменет да биде во средина меѓу Corsa 1.0 Turbo со 115 коњски сили и моќната Corsa OPC со 207 коњски сили. Цената за овој модел во Германија ќе започнува од 18.310 евра, а ќе се нуди во изведба со три или пет врати. Ќе може да се добие во две нивоа на опрема – Color и Innovation. Color нивото доаѓа со црн кров и хромирани завршетоци на издувниот систем, а во внатрешноста ќе се најдат алуминиумски педали контроли на воланот и други ситници. Innovation нивото доаѓа со хромирани детали на надворешноста, хромирани рачки на вратите, големит ркала, амбиентално осветлување, би-ксенонски автоматски светла и уште многу друга опрема.

Сепак, за Corsa Turbo да изгледа најдобро што може треба да се нарача Turbo Plus пакетот кој ќе чини меѓу 800 и 950 евра, кој доаѓа со OPC Line преден и заден спојлер, заден кровен спојлер, карбонски детали и OPC Line управувач, рачка од менувачот и рачка од рачната кочница. По нарачка можат да се добијат и Recaro спортски седишта.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.