Bugatti Veyron La Finale – Крајот на една автомобилска ера… – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Bugatti Veyron La Finale – Крајот на една автомобилска ера…

Bugatti го претстави последниот Veyron, кој го носи името La Finale и со кој завршува производството на овој автомобил кој ги помести границите на она што треба да го очекуваме од еден ваков монструм..

Веднаш паѓа во очи интересната и агресивна комбинација на бои на La Finale – делови од автомобилот се изработени од црн карбон, други делови од црвен. Името на автомобилот се појавува на две места – на предниот браник под десниот фар, како и на долниот дел на задниот спојлер. Интересно – за прв пат на еден Veyron, отворите за воздух и поклопецот на ладилникот се обоени во сјајна црна боја.

Како и екстериерот, и ентериерот му оддава почит на првиот Veyron (кој исто така беше во црвено-црна комбинација) – обвиен во кожа, ентериерот има и констрастни детали со црвени опшивки и други ситници. Интересен е и бронзениот Bugatti слон вграден во просторот меѓу двете седишта кој е дополнително офарбан црн и бројките „450/450“ се додадени под него.

Veyron La Finale го означува крајот на производството на овој автомобил.. Bugatti веќе најави негов наследник, останува да видиме што тоа ќе биде.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.