Peugeot го претстави дискретно освежениот 208! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Peugeot го претстави дискретно освежениот 208!

Три години по претставувањето на популарниот 208, Peugeot го подготви фејслифтот за својот најпродаван модел!

Измените се дискретни но значителни, и го доведуваат 208 во линија со поновите модели на францускиот бренд. Ќе забележите нов преден браник со поширок отвор за воздух, предни светла со црна основа, нови 3D LED задни светла, нови бои и нови можности за персонализација.

peugeot-208-facelift-rear

Во понудата ќе се нудат два нови модели, кои ќе ги носат ознаките GT Line и GTI by Peugeot Sport. Дополнително, малиот 208 ќе добие уште опрема и освежени Euro 6 мотори. Меѓу новите технологии се вбројуваат Active City Brake системот за кочење и паркинг камерата. Системот за активно кочење може автоматски да го запре автомобилот при брзини до 30 километри на час.

Гамата на мотори е малку проширена, но за прв пат ќе се понуди EAT6 автоматскиот менувач со 6 степени на пренос. 1.6-литарскиот BlueHDI мотор ќе се нуди во три изведби – со 75, 100 или 120 коњски сили, а потрошувачката може да изнесува и само 3  литри на 100 километри. Доколку сакате бензинец, на располагање ќе 1-литарски бензинец со 68 коњски сили, 1.2-литарски со 82 коњски сили, како и 1.2-литарски турбо-бензинец со 110 коњски сили. Ако отидете чекор понатаму ќе добиете 1.6-литарски THP со 165 или 208 коњски сили.

Продажбата ќе започне од Јуни оваа година.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.