Škoda објави уште неколку фотографии преку кои претставува неколку детали од новиот Superb – за прв пат можеме да видиме детали од екстериерот на серискиот модел!
Чешкиот производител најавува дека новиот Superb ќе инспирира со својата чиста геометрија, силните контури и површини, скулптираните форми и елегантните линии, од предниот, па сè до задниот дел.
Светската премиера на новиот Superb е закажана за 17ти овој месец (следниот вторник) во Прага. Superb е значаен модел за брендот – од неговото претставување во 2001-вата година па до сега се продадени преку 700.000 примероци од големиот седан.