Премиера: Супер-спортскиот Porsche Cayman GT4! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Супер-спортскиот Porsche Cayman GT4!

Најновиот и најбрз член на Cayman фамилијата на Porsche доаѓа со 3.8-литарски боксер со шест цилиндри и 380 коњски сили!

Официјалните бројки зборуваат многу – 100 километри на час пристигнуваат за само 4.4 секунди а максималната брзина изнесува импресивни 295 километри на час! Според Porsche, Cayman GT4 врти круг околу легендарниот Nürburgring за само 7 минути и 40 секунди.

Cayman GT4 ќе го препознаете по изменетите браници, големиот заден спојлер и големите тркала. Моторот е истиот кој се нуди во Carrera S, но силата му е малку намалена – од 395 на 380 коњски сили, но сепак останува одличниот шест-степен мануелен менувач и активните носачи на моторот. Повеќе информации ќе има наскоро – но сега за сега можеме да уживаме во фотографиите!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.