Јапонскиот производител ќе понуди опција за платнен кров кај најмалиот член на семејството – а моделот ќе се вика Aygo X-Wave!
Платнениот кров е дизајниран да ја опфати целата кровна површина на малиот Aygo, па покрај возачот и совозачот, и патниците на задната клупа ќе можат да уживаат во возење под отворено небо. Со кровот се управува електрично, преку команди поставени над возачот.
Со платнениот кров Toyota ќе се обиде дополнително да им се доближи на помладите и подинамични купувачи кон кои цели со малиот и урбан Aygo. Ние веќе го возевме Aygo и останавме импресионирани од малиот урбан автомобил на Toyota – прочитајте повеќе!