Ford го претстави Shelby Mustang GT350R – Верзија на Mustang која е најподготвена да се соочи со тркачките патеки!
Под поклопецот на моторот се крие најмоќниот атмосферски мотор на Ford досега направен – 5.2-литарски V8 koj има на располагање преку 500 коњски сили и повеќе од 542 Nm вртежен момент. Дополнително – автомобилот е олеснет за околу 75 килограми – извадени се клима уредот, радиото, задните седишта, подот на багажниот простор и уште многу други ситници, за да се добие вистински монструм на тркачката патека.
Суспензијата е преработена и има изменети пружини и амортизери, автомобилот е пониско до подлогата и има цела низа технички преработки кои ќе му помогнат да извади подобро време на тркачката патека. Според луѓето од Ford „не е сè во коњските сили. GT350R е избалансиран атлетски автомобил – автомобил кој е невообичаено агилен и прецизен.“ Секако, повеќе од 500 коњски сили не се на одмет!