Ford ги изненади сите во Детроит, покажа нов Ford GT! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ford ги изненади сите во Детроит, покажа нов Ford GT!

Новиот знаменосец на Ford доаѓа во 2016 и ќе носи 3.5-литарски EcoBoost V6 кој ќе испорачува преку 600  коњски сили!

Ford го опишува новиот GT како „суперавтомобил со ултра-високи перформанси“ – и воопшто не е тешко да се поверува на зборовите на Американскиот производител, со оглед на тоа дека новиот знаменосец ќе биде своевиден начин за покажување на технологиите и знаењето на Ford, а тука ги вбројуваме перформансите, аеродинамиката, EcoBoost моторот и ултра-лесната конструкција од карбонски влакна.

Според Ford, новиот GT ќе го носи досега најмоќниот EcoBoost мотор, како и технологии кои ќе му дозволат да конкурира на моделите на Ferrari и Lamborghini, a официјалниот старт на производството е закажан за крајот на 2016. Новиот автомобил ќе биде со погон на задните тркала, ќе има централно поставен мотор, а каросеријата ќе биде аеродинамична и спортска – всушност, она што го очекуваме од Ford GT!

Моторот е базиран на архитектура докажана на тркачките патеки, а ќе биде поврзан со 7-степен автоматски менувач со двојна спојка. Дизајнот е очигледно инспириран од стариот Ford GT4o, а ќе има и системи за активна аеродинамика. Во внатрешноста, кабината има ретро детали, но сè е изработено со најнови технологии и материјали, а седиштата се интегрирани директно во карбонската основа.

Сега за сега нема информации за перформансите, но наскоро ќе знаеме повеќе!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.