Премиера: Новиот Opel Karl – Најмладиот и најмалиот член на фамилијата на Opel! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Премиера: Новиот Opel Karl – Најмладиот и најмалиот член на фамилијата на Opel!

Утрината Opel официјално го претстави новиот и најмалиот член на својата фамилија – интересно именуваниот Karl!

Opel го најавува Karl како „мал, суптилен и едноставно извонреден“ – и малиот Karl треба да чини помалку од 10.000 евра кога ќе се појави на пазарот. Придвижуван е од нова генерација три-цилиндерски бензински мотор кој ќе има 75  коњски сили и најавува извонредна ефикасност и е развиен специфично за овој модел, а силата ќе се пренесува кон предните тркала преку 5-степен мануелен менувач.

Малиот Karl е долг 3.68 метри и тоа го прави за нијанса пократок од Opel Adam, но значително пократок од Opel Corsa. Интересно е што Opel ќе понуди многу модерна технологија во волку мал автомобил – покрај стандардните ESP и ABS, Karl ќе може да се нарача со Lane Departure Warning систем кој го предупредува возачот доколку несакано ја напушти коловозната лента, како и City градски режим на возење која дополнително го олеснува вртењето на управувачот, систем за асистенција при паркирање и уште многу други играчки кои обично ги очекуваме кај поголемите автомобили.

Продажбата ќе започне следното лето, а како што веќе споменавме, цените ќе започнуваат од помалку од 10.00 евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.