Škoda ја претстави тркачката Fabia R5! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Škoda ја претстави тркачката Fabia R5!

Чешкиот производител ја претстави новата Fabia R5 која ги задоволува правилата на R5 класата и која е дел од спортската програма на огранокот на Volkswagen!

Škoda сака да ги истакне емоциите кај возачите а интегрален дел од таа стратегија е токму Fabia R5 рели возилото. Според Dr. Frank Welsch, член на одборот на Škoda задолжен за Технички Развој „Škoda има планови да продолжи да расте во следните години со нови модели и да се фокусира како на функционалните аспекти, така и на емотивноста“ и додаде дека “еден истакнат модел е токму Škoda Fabia R5 концептното возило коде овозможува да се погледне директно во нашето ново рели возило. Концептот е базиран врз новата Skoda Fabia и демонстрира повеќе емоции отколку било кога досега.“+

skoda-fabia-r5-side

Сега за сега не се истакнати никакви технички детали, освен тоа дека ги задоволува R5 правилата – а тоа значи 1.6-литарски турбо-бензинец и погон на сите четири тркала. Менувачот е секвенционален со пет брзини и според правилата, автомобилот тежи најмалку 1230 килограми. Истовремено, навистина би било интересно да видиме дали овој концепт ќе се трансформира и во сериска Fabia RS во иднина, конкурентна на Polo GTI, Fiesta ST и Renaultsport Clio.

skoda-fabia-r5-rear



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.