Во новото промотивно видео за моделот, Volvo го стави новото V60 Cross Country во натпревар со параглајдерист, велосипедист и маратонец.
Во видеото ќе ги видите ултра-ранерот (навистина не можеме да најдеме превод за ова на македонски) Anton Krupika, експеротот-параглајдерист Jean-Baptiste Chandelier и про-велосипедистот Tom Oehler. Тие се тркаат со новото Volvo C60 при спуштање од висина од 3404 метри во Пиринејските планини. Volvo C60 ги покажува своите можности како на асфалтот, така и надвор од него. Автомобилот има погон на сите четири тркала и 201 милиметар оддалеченост од подлогата – зголемување за цели 65 милиметри.