За оние на кои никогаш не им е доволно – ABT Audi S8 со 675 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

За оние на кои никогаш не им е доволно – ABT Audi S8 со 675 коњски сили!

Да речеме дека имате доволно пари за Audi S8, и едно утро решавате дека 520-те коњски сили не ви се доволни. Каде е решението? Вo ABT, секако!

ABT е помалку или повеќе in-house тјунер за сите модели на Volkswagen групацијате – од моделите на Seat и Skoda, па сè до моделите на Volkswagen, Audi, Porsche, итн. Моделот со кој се имаат неодамна позанимавано луѓето од ABT е токму големата луксузна лимузина на Audi, и тоа во нејзината најмоќна варијанта – S8 со 520 коњски сили 650 Nm вртежен момент!

Благодарение на новиот софтвер, како и новиот издувен систем, Audi S8 ABT има на располагање цели 675 коњски сили и 840 Nm вртежен момент кои ги испорачува 4-литарскиот твин-турбо V8 бензинец. Со овие модификации, Audi S8 ABT забрзува до 100 километри на час за 3.9 секунди и продолжува да забрзува сè до максималните 290 километри на час.

Одлично ако доцните на некој навистина важен деловен состанок, зарем не?



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.