По минатогодишната најава, Skoda објави неколку фотографии од камуфлирана Fabia R5 која ќе започне да се натпреварува следната година!
Чешкиот огранок на Volkswagen најави дека ќе ја замени успешната Skoda Fabia S2000 со новата Fabia R5 која всушност е базирана на „цивилната“ верзија на автомобилот. Прототипот кој е покажан во овие фотографии носи значително поширока каросерија со издадени крила, отвор за воздух на кровот и поклопецот на моторот, голем заден спојлер, централно поставен завршеток на издувниот систем, како и зајканата суспензија со рели тркала.
Според Skoda, новиот тркачки автомобил ќе биде готов кон средината на следната година.