Јапонските тјунери од Garage Eve.Ryn го претставија BMW i3 EVO – нивата визија за тоа како би можела да изгледа екстремната верзија на овој електричен автомобил!
Измените најверојатно се исклучиво козметички, бидејќи нема никакви информации за евентуалните доработки на комплицираниот електричен погон. Веднаш се забележуваат проширените крила, екстремните браници како и новите, големи фелни, како и карбонски сплитери и странични трагови. Ако ништо друго, барем изгледа како да е брзо!