Јапонскиот производител го најавува новиот Outlander PHEV Concept-S за саемот на автомобили во Париз и ветува нов дизајн кон треба да биде во тек со напредната технологија која е дел од автомобилот!
Mitsubishi Motors го најавува Outlander PHEV Concept-S како специјален пакет за серискиот модел кој има рафиниран надворешен и внатрешен дизајн кој го истакнува уникатното возачко искуство кое го нуди серискиот Outlander PHEV. Според најавата, „спортски и софистициран“ е тематиката која е водечка за дизајнот. Овој рафиниран дизајн ја истакнува уникатната комбинација од одлични 4х4 перорманси благодарение на PHEV системот, како и одличните асфалтни перформанси на улиците.
Останува да почекаме до саемот на автомобили во Париз и да видиме што ќе понуди Mitsubishi. Во меѓувреме, можете да го прочитате нашиот тест на Outlander PHEV кој неодамна го објавивме.