Германскиот производител ќе повика вкупно 70.000 примероци од A4, A5, A6, A7 и Q7 во сервис поради потенцијален проблем со сопирачките!
Според Automotive News, Audi ќе повика во сервис околу 70.000 примероци од A4, A5, A6, A7 и Q7 поради потенцијален проблем со сопирачките. Проблемот се јавува кај примероци од овие возила опремени со 3-литарскиот TDI турбо-дизел, произведени помеѓу Март и Декември 2012-та година. Од компанијата изјавуваат дека дури и да се јави проблемот, сопирачките сè уште ќе работат, но ќе треба посилно да се притисне педалата за кочење поради потенцијално протекување во мембрана во системот за кочење.