Volvo најавува иднина без сообраќајни несреќи – го претстави комплексот AstaZero – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volvo најавува иднина без сообраќајни несреќи – го претстави комплексот AstaZero

Комплексот AstaZero на Volvo е првиот масивен објект во светот каде ќе се развиваат и тестираат исклучиво безбедносни технологии.

Volvo го претставува AstaZero како светскиот прв објект за сообраќајните безбедносни решенија на иднината. Неговото отворање го донесе Volvo Car Group еден чекор поблиску до реализација на нивната визија – дека до 2020-тата година никој не треба да загине или да биде сериозно повреден во ново Volvo возило.

Важен чекор кон постигнување на оваа оптимистичка цел е развивањето на системи за активна безбедност кои треба да ги спречат незгодите пред тие воопшто да се случат. Овие активни системи ќе бидат примарниот фокус на AstaZero. Локалитетот е блиску до главните канцеларии на Volvo Cars во западна Шведска.

volvo-astazero-map

Одговорниот за AstaZero – Pether Wallin – кажува дека една од најголемите предности на комплексот е токму неговата флексибилност – може да бидат симулирани сите видови на сообраќајни сценариа кои се случуваат во вистинскиот свет. Според него, на другите вакви места опциите се лимитирани.

Центарот може да понуди широк дијапазон на тестни услови – градски улици со многу метеж, автопатишта, повеќе-лентни патишта и крстосници, итн. Овие услови се пресудни за изучувањето на интеракцијата меѓу автомобилите и било какви други подвижни објекти – други возила, пешаци, велосипеди, моторцикли, камиони, автобуси, па дури и животни кои ненадејно се појавуваат на патот. Во некои комплексни ситуации, роботи ќе управуваат со тест возилата.

Ние го поздравуваме овој чекор на Volvo – навистина би било убаво да се живее во свет каде нема да има загинати или сериозно повредени во сообраќајните несреќи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.