McLaren го претстави P1 GTR концептот кој е наменет исклучиво за тркачките патеки, и кој ветува монструозни перформанси благодарение на 986 коњски сили!
Британскиот производител го искористи овогодинешниот Pebble Beach да го претстави својот хардкор тркач во форма на P1 GTR. Подобрувањата на погонските единици (да не заборавиме, P1 е хибриден автомобил) ја подигнуваат вкупната моќност на автомобилот на застрашувачки 986 коњски сили кои се „извлекуваат“ од 3.8-литарскиот турбо-бензинец и електромоторите.
Однапред, P1 GTR е 80 милиметри поширок, а на задниот дел доминира големиот спојлер кој според McLaren дополнително ја подобрува аеродинамиката бидејќи задниот дел е понизок – сега нема потреба од подвижен заден спојлер. Сепак, сега за сега ова е само концепт – финалниот автомобил ќе го видиме за неколку месеци, а тогаш ќе ги знаеме и неговите перформанси.