Претставено новато Kia Sorento пред официјалното деби во Париз! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Претставено новато Kia Sorento пред официјалното деби во Париз!

Корејскиот производител ја претстави третата генерација на популарното Sorento, официјалната премиера е закажана за саемот на автомобили во Париз!

KIA ја оттргна покривката од новото Sorento. По неодамнешната најава за новата, трета генерација на успешниот SUV, денес се објавени и првите фотографии. Како што и очекувавме, новото Sorento изгледа попремиум од својот претходник и цели кон повисока класа на купувачи.

kia-sorento-side

Можеме да ги забележиме дизајнерските елементи кои ги знаеме од постоечките модели на брендот, но се забележува и опаѓачка линија на кровот, како и повисока средишна линија која на автомобилот му дава спортска карактерна линија. Секако, има и спортски детали – како што се пластичните заштитниелементи, хромираните детали и задниот спојлер.

kia-sorento-rear

Според она што Kia го најавува, новото Sorento ќе биде долго 4780 милиметри, високо 1685 милиметри и има 80 милиметри подолго меѓуоскино растојание – сега вкупно 2780 милиметри. Благодарение на ова можеме да очекуваме и повеќе простор во внатрешноста. Сè уште нема информации околу моторите, но за купувачите во Европа најинтересни ќе бидат дизелските верзии, а се најавува и можна хибридна верзија.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.