Icon Helios – Електричен ретро-футиристичен хот-род базиран врз Tesla Model X! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Icon Helios – Електричен ретро-футиристичен хот-род базиран врз Tesla Model X!

Компанијата Icon од Калифорнија најави дека ќе го изгради автомобилот кој го носи своето име по сонцето, и дека уникатниот електричен ретро хот-род ќе биде изграден врз платформата на Tesla Model X!

Helios значи Сонце, а ретро-футуристичкиот автомобил ќе биде придвижуван од најмодерната технологија која во моментов може да се најде – онаа на Tesla. Луѓето од од Icon од Калифорнија го најавуваат Helios преку скиците кои подолу можете да ги видите. Прекрасните, заоблени површини евоцираат слики од луксузни автомобили од минатиот век – едноставно, лесно е да се заљуби човек во ваков прекрасен дизајн. Можеме да видиме и дел од ентериерот, кој исто така ветува луксуз и ретро-футуристички пристап.

Основачот на Icon, Jonathan Ward за Jalopnik изјави дека „проектот е само концепт, но концепт за кој ако треба ќе поместам планини за да го изградам. Во согласност со нашата основачка филозофија во Icon за спојување на стариот дизајн со најдобрата модерна технологија, не ми текнува на ниту една подобра платформа од онаа на Tesla”.

Во овој случај, тој зборува за Tesla Model X – автомобилот кој наскоро ќе започне со продажба. Icon ќе ја искористи шасијата, погонот на сите тркала, двата електрични мотори и батериите од електричниот кросовер. Според претпоставките, Helios ќе биде завршен за околу две години. Ние веќе размислуваме како да ја забрзаме работата!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.