Инженерите од Unplugged Performance подготвија одличен бодикит за електричниот Model S на Tesla. Иако она што го гледаме е само прототип, од Unplugged Performance сериско производство!
Не, нема никакви измени во погонот – тука е веќе добро познатиот систем на Tesla кој нуди одлични спортски перформанси и импресивна автономија (за електричен автомобил). Она што луѓето од Unplugged Performance го нудат е спортска доработка на шасијата, големи тркала и одличен спортски бодикит. Бодикитот ќе се изработува од плексиглас или карбонски влакна. Интересно е што неколку продажни центри на Tesla веќе имаат нарачано по некои од компонентите за своите купувачи.
Пакетот вклучува нов преден спојлер и дифузер, замена на предната маска, странични прагови, заден подспојлер, спојлер и дифузер, и уште неколку ситници. Нам ни изгледа одлично!
Интересна иднина за спортскиот автомобил, зарем не?