Иако од Kia нема никакви официјални информации околу наследникот на популарниот и успешен SUV, сепак се појавија првите скици со кои се најавува новата, трета генерација на моделот.
Од она што можеме да го видиме, забележуваме дека дизајнот на Sorento ќе биде еволуција на сегашниот модел. Предниот дел изгледа созреано и храбро, и јасно ги искажува амбициите на брендот. Можеме да забележиме и заштитни пластични панели, како и кровна линија која дискретно опаѓа кон задниот дел, со цел да се истакнат спортские претензии.
Приказната продолжува и кон задниот дел, каде можеме да забележиме четири завршетоци на издувниот систем. Генерално дизајнот изгледа чист, без непотребни линии и компликации – токму она по што го препознаваме влијанието на Питер Шрејер.
Премирата на новото Sorento најверојатно ќе се случи во Септември во Кореа.