Lumma подготвува тјунинг пакет за новиот BMW X6, најавуваат 590 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Lumma подготвува тјунинг пакет за новиот BMW X6, најавуваат 590 коњски сили!

Тјунерите од Lumma Design го најавуваат својот тјунинг пакет за новиот BMW X6 – Lumma CLR X 6 R ќе има екстремен бодикит, 590 коњски сили и 850 Nm вртежен момент!

Ако BMW X6 не ви е веќе доволно вулгарен, или имате повеќе пари од вкус, тјунерите од Lumma Design најавуваат екстремен тјунинг пакет за големиот квази-теренец. За преобразбата од X6 vo CLR X 6 R се користат нов преден и заден браник, странични прагови, нов поклопец на моторот, проширувања на крилата и нови 22-инчни фелни. Многу од компонентите се врвно изработени со користење на карбонски влакна.

Покрај екстериерот, внимание ќе добие и ентериерот каде се забележливи контрастните опшивки на седиштата и контрастни детали.

Сепак, покрај визуелните измени, Lumma ќе понуди и доработка на моторот. Големиот 4.4-литарски турбо V8 бензинец ќе добие засилување од 450 коњски сили и 650 Nm вртежен момент на 590 коњски сили и 850 Nm вртежен момент – тоа се 140 коњски сили и 200 Nm повеќе! Поработено е и на блокаторот на максимална брзина, па големото BMW ќе може да постигне 295, наместо фабричките 250 километри на час.

 

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.