По фејслфитот на цивилниот Focus, Ford го најавува и освежувањето на спортскиот Focus ST – и ги изненади фановите со тоа најавувањето на ST со дизелско срце!
Сега за сега, Ford објави само една фотографија, на која се гледа дел од новиот преден дел на Focus ST. Целосната премиера е закажана за само неколку дена од сега – односно на 27ми Јуни, на Goodwood Фестивалот на Брзината. Според Ford, освежениот Focus ST ќе добие „подобрувања во однос на технологијата и квалитетот.“
Од Ford сè уште не објавуваат детали околу перформансите, но се претпоставува дека ќе биде задржан истиот 2-литарски Ecoboost турбо-бензинец кој испорачува 250 коњски сили и 360 Nm вртежен момент. Она што навистина нè изненади беше потврдата дека за прв пат Focus ST ќе се нуди со дизел мотор. Ниту за овој мотор не се потврдени перформансите, но се појавуваат гласини кои наговестуваат дека ќе се употреби 2-литарски TDCI турбодизел кој испорачува 184 коњски сили.
Како што спомнавме, Focus ST ќе го има своето деби на Goodwood Фестивалот на Брзината, а Ford во соработка со Sony ќе подготви „вистински против виртуелен“ натпревар во Gran Turismo 6, каде избран играч ќе ги одмери силите против Ben Collins, поранешниот Stig од Top Gear.