Ви треба дискотека на тркала? Тука е Volkswagen Amarok Power – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Ви треба дискотека на тркала? Тука е Volkswagen Amarok Power

Volkswagen на овогодинешниот Worthersee Treffen го претстави концептот Amarok Power, кој всушност е подвижна дискотека и е подготвен да ја заживее секоја забава!

Одделот за комерцијални возила на Volkswagen имал вистинска идеја – да го трансформира Amarok во Amarok Power концептот за овогодинешниот Worthersee, а со тоа да го претвори во мобилна дискотека. Товарниот дел на големиот пикап е опремен со сета аудио опрема која е потребна за една добра забава – целосна опрема за еден DJ и аудио опрема со вкупна моќност од 5000 вати!

Секако, Amarok Power е и дополнително стилизиран како што и би му прилегало на еден ваков автомобил. Возилото е сега металик сиво со сјајни и мат акценти, сиви ретровизори и големи, 22-инчни тркала. Кочниците се офарбани во портокалова боја, а има и би-ксенонски светла со хромирани детали, како и хромирани детали на двојните завршетоци на издувниот систем.

Во внатрешноста, Amarok Power има спортски седишта обвиени во Nappa кожа, управувач обвиен во црна алкантара и детали од карбонски влакна. Сепак најважниот детал е токму товарниот дел кој носи Xone: 92 Allen & Heath DJ опрема, Pioneer CDJ900NXS уреди, два VOID ACOUSTICS Impulse 3t звучници, Stasys Xair саб-вуфер и многу повеќе!

За придвижувањето на Amarok Power е задолжен најновиот 3-литарски V6 TDI кој испорачува 272 коњски сили и 600 Nm вртежен момент кој е споен со 8-степен автоматски менувач. Со овој мотор, Amarok Power постигнува 100 километри на час за 7.9 секунди и максимална брзина од 210 километри на час!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.