Деби на Volkswagen GTI Roadster Vision Gran Turismo – наскоро ќе можеме да го возиме во Gran Turismo 6! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Деби на Volkswagen GTI Roadster Vision Gran Turismo – наскоро ќе можеме да го возиме во Gran Turismo 6!

Концептот е наменет да се појави во играта Gran Turismo 6, но Volkswagen утре ќе претстави и целосен примерок на Worthersee!

Оние кои веќе ја играат Gran Turismo 6 ќе го добијат овој уникатен автомобил како бесплатен додаток кој се планира за Јуни оваа година, но тоа не ги спречи дизајнерите и инженерите на Volkswagen да спремат еден целосен примерок кој утре ќе го има своето деби.

Автомобилот е придвижуван од 3-литарски твин-турбо VR6 TFSI бензинец кој испорачува 503 коњски сили и 665 Nm вртежен момент. Моторот е еволуција на оној кој имаше свое деби минатата година кај Design Vision GTI концептот кој ние го прикажавме директно од Worthersee, но сега нуди дополнителни 105 Nm повеќе вртежен момент, а ја задржува истата моќност. Силата се пренесува кон сите тркала преку 7-степен менувач со двојна спојка.

Официјални Скици



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.