Audi A3 Clubsport Quattro – 2.5-литарски TFSI и 525 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi A3 Clubsport Quattro – 2.5-литарски TFSI и 525 коњски сили!

За овогодинешниот Worthersee, Audi го подготви A3 Clubsport Quattro концептот кој благодарение на 2.5-литарскиот TFSI преземен од RSQ3 има на располагање цели 525 коњски сили!

Моторот кој веќе нуди 310 коњски сили и 420 Nm од неговите 2.5 литри и 5 цилиндри, сега е доработен и навиен да испорачува импресивни 525 коњски сили и 600 Nm вртежен момент. Благодарение на тие бројки, автомобилот тежок 1527 килограми забрзува до 100 километри на час за 3.6 секунди и може да постигне максимална брзина од 310 километри на час! Силата се пренесува кон асфалтот преку 7-брзински S-Tronic менувач со двојна спојка и очекуваниот Quattro погон на сите четири тркала.

audi-a3-clubsport-quattro-side

Како што е и очекувано – концептот е поставен на спортска суспензија, има големи, 21-инчни тркала позади кои се кријат карбон-керамички дискови за кочење – но најзабележлив е екстремниот бодикит кој го краси овој концепт, како и прекрасната Magnetic Blue сина боја. Во автомобилот се вградени и Matrix LED предни светла, а ентериерот е доработен со дополнителни детали, како и нови спортски седишта. Нам особено ни се допаѓаат дополнителните копчиња на управувачот!

Сега за сега, Audi нема планови да го претстави A3 Clubsport Quattro како сериски модел, но интересна е одлуката овој автомобил да биде придвижуван од 2.5-литарскиот TFSI.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.