Секоја година Volkswagen и неговите ограноци претставуваат интересни концепти на Worthersee фестивалот – оваа година Skoda ќе го претстави Citijet концептот кој го развија младите практиканти на брендот!
Всушност, се работи за кабриолет со две седишта кој го изработија практикантите во Skoda. Од она што можеме да го видиме, покрај очигледното отсечување на кровот, дополнително е работено како на ентериерот, така и на екстериерот. Задните седишта се извадени а на нивно место се вградени аудио компоненти, каросеријата е проширена и вградени тркала со поголем дијаметар. Ова изгледа како вистински хит кој Skoda би можела да го има во своите раце!
Автомобилот на практикантите е придвижуван од 1-литарски MPI со 75 коњски сили, кој му дозволува настандардниот автомобил да забрза до 100 километри на час за 13.9 секунди и да продолжи да забрзува сè до 170 километри на час. Официјалната премиера е закажана за 28-ми овој месец во Австрија.