Утринска Гимнастика: Вовед во Quattro погонот на Audi! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Утринска Гимнастика: Вовед во Quattro погонот на Audi!

Со лансирањето на S1, Германскиот бренд го понуди Quattro погонот на сите тркала во целата гама. Затоа, Audi објави видео во кое ги објаснува трите различни системи на неговото работење.

Погонот кај најмалите модели како што се S1, A3, Q3 и ТТ работи во режим кој воглавно ја испраќа силата само кон предните тркала, но доколку осети нивно пролизгување ја пренасочува кон задната оска. Кај поголемите возила како A4, A5, A6, A7, A8, Q5 и Q7 системот содржи само-блокирачки централни диференцијали кои стандардно ја дистрибуираат силата во однос 40/60 проценти напред/назад, додека при пролизгување истата се испраќа кон тркалото со најголема тракција.

Конечно, тука е R8 – супер-спортски автомобил со средно поставен мотор. Кај него најголем дел од силата, поточно 85 проценти, се пренесува кон задните тркала, но кога е потребно дел од неа испраќа кон предните тркала.

Погледнете го видеото подолу, кое вклучува и споредба на Quattro системот со погон на предните тркала. Веруваме ќе ви станат појасни некои работи!



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.