Првиот модел кој е резултат на соработката меѓу Citroen и Кинескиот Dongfeng е концепт за мал кросовер кој е предвиден за Кинескиот, но и за интернационалните пазари!
Иако официјално ова е само концепт, сепак изгледа прилично подготвено за сериско производство и не би биле изненадени доколку Citroen и Dongfeng решат наскоро да го понудат прво на Кинескиот пазар, а потоа и на другите пазари каде се продава Citroen. Според производителот, C-XR е модерен пристап кон еден SUV, и се гордее со силен дизајн, исклучителен комфор и технолошки избори кои се фокусирани кон ефикасноста. Мораме да признаеме дека дизајнот е навистина интересен благодарение на храбрите агли.
Концептот е долг 4.26 метри, широк 1.79 метри и висок 1.56 метри и најдолго меѓуоскино растојание во класта од 2.65 метри – димензии кои го ставаат очи во очи со конкуренцијата – а производителот веќе најавува дека C-XR е подготвен да се фати во коштец со нив. Во борбата ќе му помогне 1.6-литарскиот THP160 турбо-бензинец со старт-стоп технологија и автоматски менувач кои се вградени во него со цел да се намали потрошувачката на гориво. Сето ова е со цел да се привлечат нови купувачи во SUV сегментот, примарно во Кина. Возилата од овој сегмент се продадоа во 3 милиони примероци во 2013-тата година – цели 50% повеќе отколку годината пред тоа.