Volkswagen Touareg доби третман за подмладување! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen Touareg доби третман за подмладување!

Покрај подновувањето на Jetta, Германскиот бренд го претстави и освежениот Touareg, кој за разлика од неа, ќе дебитира на автомобилскиот саем во Пекинг.

Како што можеме да видиме од фотографиите, визуелно кросоверот претрпел само неколку благи измени на предниот и задниот дел, кои би ги препознале само доколку го поседувате претходниот модел. Ќе биде понуден во избор со дополнителни пет нови бои на каросеријата и два нови дизајни на фелни.

Купувачите ќе можат да ја персонализираат внатрешноста со поширок спектар на бои на кожа, опции за украсни детали и бело наместо досегашното црвено амбиентално осветлување на контролите. Според Volkswagen, квалитетот на материјалите е исто така подобрен.

VW-Touareg-2015-1[2]

Што се однесува до погонските единици, нивната економија на возење е минимално подобрена за 6 проценти, благодарение на значителните подобрувања во аеродинамиката, пневматиците оптимизирани за низок отпор при тркалање, и прилагодениот однос на степените на пренос на осум-степениот автоматски менувач. Агрегатот V6 TDI е опремен со нов катализатор и сега ги исполнува Еуро 6 нормите. Тој доаѓа во верзии од 202 и 255 коњски сили.

Освежениот Тоуарег ќе пристигне на пазарот ова лето, додека при крајот на летото ќе бидат достапни и нови спортски R-Line додатоци.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.