Стилскиот кросовер Citroen DS 6WR блесна во Пекинг! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Стилскиот кросовер Citroen DS 6WR блесна во Пекинг!

На саемот во Пекинг, Францускиот производител целосно го разоткри новиот DS 6WR, кој претставува сериска изведба од концептот Wild Rubis.

DS 6WR е првиот кросовер кој ќе ја носи ознаката Citroen, а ќе се произведува и продава само во Кина, доколку понатаму Францускиот бренд не се одлучи да ги промени плановите. Неговиот премиум стилски дизајн, со повеќе елементи преземени од DS 5LS, го прави на изглед еден од најатрактивните модели во неговата класа. Тука се и заштитни пластики, кровни носачи интегрирани во задното ветробранско стакло, модерни LED светлосни групи и 19-инчни алуминиумски фелни.

Кросоверот се протега во должина од 4.55 метри, широчина од 1.86 метри и височина од 1.61 метри, со должина на меѓуоскино растојание од 2.73 метри. Ќе биде понуден со 1.6-литарскиот турбо-бензински THP агрегат во две варијанти од 160 и 200 коњски сили, усогласен со шест-степен автоматски менувач и погон само на предните тркала. За подобар контакт со подлогата на секаков терен ќе биде опремен со Grip Control ситем.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.