Официјално – Volkswagen Golf R400 – 400 коњски сили и „стотка“ за 3.9 секунди! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Официјално – Volkswagen Golf R400 – 400 коњски сили и „стотка“ за 3.9 секунди!

Volkswagen ја претстави најекстремната верзија на Golf – R400 крие 400 коњски сили и нуди перформанси од кои застанува здивот!

Golf R400 е развиен од страна на Volkswagen R GmbH – спортската дивизија на брендот. Под поклопецот се крие истиот мотор кој го придвижува и Golf R, но дополнително доработен за да испорачува 100 коњски сили и 70 Nm повеќе во однос на „обичниот“ Golf R. Благодарение на посилниот мотор, Golf R400 забрзува до 100 километри на час за 3.9 секунди и има максимална брзина од 280 километри на час.

Auto China 2014

Моќта се пренесува кон сите четири тркала благодарение на 4Motion системот за погон на сите четири тркала. Трансмисијата е автоматска, односно искористен е DSG менувач со шест степени на пренос и двојна спојка. Екстериерот е значително преработен и проширен, како модерна реинтерпретација на легендарниот Golf G60. Целосно се нови браниците, проширените крила и страничните прагови. Внимание му е посветено и на ентериерот, кој е обложен со алкантара и материјал кој Volkswagen го нарекува Карбон-Кожа.

Auto China 2014

Интересен детал што го забележавме е дека и покрај тоа што Volkswagen изјавува дека Golf R400 е опремен со DSG менувач, на фотографиите се забележува 6-степен мануелен. Golf R400 сега за сега е само концепт, и според официјалните изјави на Volkswagen нема планови за негово сериско производство.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.