Луксузно-прилагодениот минибус е дизајниран и изработен од страна на Ford и Galpin Auto Sports и претставува нов концепт за способностите, флексибилноста и луксузот кои едно вакво возило може да ги понуди.
Според Ford, иднината на копнениот ултра-премиум превоз е веќе тука, и доаѓа со навистина многу просторен ентериер кој лесно се претвора во забавно искуство или бизнис состанок, а сето тоа со едноставно управување преку паметен телефон.
Ford го претстави Transit Skyliner концептот преку него ја прикажува неограничената флексибилност, подвижност и способност на новиот Transit, кој ова лето ќе започне да се продава. Целта на Transit Skyliner е да го отелотвори духот на луксузните автобуси и истовремено да се базира на традицијата на изработка на повеќенаменски возила за да демонстрира како Ford Transit може да биде трансформиран и да одговори на сите потреби – од лимузински превозни потреби, па до комерцијални флоти, итн.
Во внатрешноста, Transit Skyliner може да се трансформира во четири драматични нивоа на амбиенти – театрален, бизнис, приемен и патувачки – со подвижни, индивидуално-дизајнирани „Трон“ седишта, кои се репозиционираат автоматски, контролирани со смартфон или таблет. Едноставно, Transit Skyliner е прилагоден врвен израз на Transit. Надворешниот дизајн на Transit Skyliner потекнува од европското студио за дизајн на Ford базирано во Дантон, Англија, чија изведба беше водена од страна на Мелвин Бетанкорт, менаџер за дизајн во Ford, како и Бо Бокман, претседателот на Galpin Auto Sports.
Galpin Ford е најголемото застапништво на Ford во светот, кое во последните 60 години се бави со модифицирање на возила. Ford им пријде на Galpin за овој групен проект поради тоа што Galpin беше меѓу пионерите во трендот на пренамена на комбиња во 60-тите и 70-тите, како и меѓу првите кои го започнаа овој сегмент, a ние ги познаваме Galpin Auto Sports од серијата Pimp My Ride која беше многу популарна на MTV.