Subaru WRX STI доби и своја рели изведба! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Subaru WRX STI доби и своја рели изведба!

Долгогодишната историја на Subaru во рели натпреварите ќе започне ново поглавје со учеството во Глобалниот РелиКрос Шампионат со новиот тркачки WRX STI автомобил.

Моделот претставува плод на соработка помеѓу Subaru Rally Team USA, Red Bull Global Rallycross и NBC, и е моментално изложен на саемот за автомобили во Њу Јорк. Базиран на новиот Subaru WRX STI Sedan, автомобилот се одликува со специјален широк боди кит, карбонски заден спојлер, отвор за вентилација на кровот, рели ретровизори, како и Method Race фелни обвиени во тркачки Yokohama пневматици.

Во текот на етапите од Глобалниот РелиКрос Шамионат позади воланот на автомобилот ќе се најдат возачите Баки Ласек и Свер Исахсен. Не се објавени информации за погонската единица која се наоѓа под поклопецот на овој модел.



Отсекогаш Филип се интересирал за дизајнот и перформансите на автомобилите, а во срце му лежат легендарните спортски модели со забавен карактер кои можат да ги совладаат свиоците со огромна брзина.