Volkswagen го најавува Golf R400 со 400 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Volkswagen го најавува Golf R400 со 400 коњски сили!

Новиот концепт ќе може да се пофали со 400 коњски сили, благодарение на кои ќе забрзува до 100 километри на час за само 3.9 секунди!

Базиран на веќе-моќниот Golf R, R400 концептот ќе крие мотор кој ќе нуди 400 коњски сили! Сега за сега нема повеќе детали за капацитетот и изведбата на моторот, но знаеме дека покрај 400-те коњски сили ќе нуди и моќни 450 Nm вртежен момент – зголемување за 100 коњски сили, односно 70 Nm во однос на „обичниот“ Golf R. Благодарение на зголемената моќност, Golf R400 ќе може да забрза до 100 километри на час за само 3.9 секунди (цела секунда побрзо од Golf R) и да забрзува сè до максималните 282 километри на час.

Од скиците можеме да забележиме дека Golf R400 ќе има проширени крила, нов спојлер, но и изменети браници со проширени отвори за воздух. Наскоро ќе знаеме повеќе, кога R400 ќе ја има својата официјална премиера.

volkswagen-golf-r400

volkswagen-golf-r400-engine



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.