Ford го разоткри новиот S-MAX Vignale концепт на најпознатиот саем за мебел во Милано, Италија.
S-Max Vignale е стилски моноволумен стилизиран по новиот дизајнерски правец на компанијата и е обоен во ексклузивна “Milano Giorgio” боја. Концептот е поставен на 21-инчни алуминиумски тркала и е украсен со голем број на алуминиумски детали за да се добие попремиум изглед во однос на сегашниот модел.
Внатрешноста е комплетно обвиена со кожа со висок квалитет, а на седиштата и централната конзола се забележуваат шестоаголни шевови (во иста форма како предната решетка). Благодарение на потенките седишта со лежишта за таблети на задната страна, кабината е значително попросторна и поинтересна за патниците на задната клупа.
Сериската изведба од Ford S-MAX Vignale ќе се појави на пазарот во 2015 година по лансирањето на Mondeo Vignale.