Професионалниот скијач Џон Олсон ги искуси снежните патеки во Сторлиен, Шведска во спротивна насока со неговиот приватен тркачки автомобил Rebellion R2K.
Со болидот тежок 1000 килограми и сила од 600 коњски сили тој ќе учествува на овогодишната Gumball 3000 тура, a видеото служи како реклама за неговиот главен спонзор Betsafe. Бидејќи погонот е само на задните тркала, речиси во текот на целото искачување автомобилот вози странично, а тоа го прави видеото да биде уште повозбудливо.
Погледнете го ова интересно и невообичаено возење, и уживајте!