Prior Design ќе нуди широк бодикит за сите верзии на серијата 6 на BMW со две врати – а трансформацијата е запрепастувачка!
Нема никакви механички измени бидејќи бодикитот може да биде монтиран на било која верзија, но затоа целиот пакет со име PD6XX Widebody Aerodynamic-Kit нуди нови предни и задни браници, нови странични прагови, нова хауба, заден спојлер и дифузер, и секако – новите, екстремно проширени крила. Всушност, автомобилот е значително проширен а за да ја добиете целосната слика, ќе треба да нарачате и нови амортизери, дистанцери за тркалата и секако – нови тркала и гуми.
Со драстично проширената трага на автомобилот, можеби управливоста и комфорот нема да бидат како оние предвидени од производителот – но мораме да признаеме – ова екстремно BMW навистина го привлекува вниманието!