Exalt е спортски седан-купе со четири врати и влече инспирација од Onyx концептот кој Peugeot го претстави пред скоро две години.
Концептот ќе ја има својата целосна премиера на автомобилскиот саем во Пекинг, но во меѓувреме веќе знаеме дека под „кожата“ се крие HYbrid4 хибриден погон кој комбинира бензински мотор и електромотор за вкупно 340 коњски сили. Истовремено, зборот Exalt значи да се има особено високо мислење за нешто или некого – интересен потег на Peugeot со кој ги покажува намерите за овој спортски седан. Со сигурност можеме да кажеме дека Exalt е „цивилна“ верзија на Onyx концептот претставен во Париз во Септември 2012.
Но она што е вистински интересно е дека според Peugeot, надворешноста е изградена со „асоцијацијата на челик и ефикасен текстил кој се вика Shark Skin и влече инспирација од структурата на кожата на ајкула.“ Интересна замисла – останува да видиме дали навистина текстил е користен за да се обвие автомобилот или ова е само игра на зборови на Францускиот производител. Повеќе информации ќе има објавено во текот на оваа седмица.