Audi го подготвува Q4 Concept за автомобилскиот саем во Пекинг! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Audi го подготвува Q4 Concept за автомобилскиот саем во Пекинг!

Подготвени да ја пополнат секоја нишка на пазарот, Audi ќе прикаже концептна верзија на Q4 кросоверот кој наскоро би требало да се појави и во сериско производство.

Скиците кои денес беа објавени се своевидна најава за концептот кој треба да ја доживее својата премиера на автомобилскиот саем во Пекинг. Скиците потсетуваат на Audi Allroad Shooting Brake концептот кој беше прикажан на NAIAS и сугерира дека Q4 Concept ќе влече дизајнерска инспирација од најновата генерација на ТТ.

audi-q4-concept-rear

Сега за сега, нема никакви информации околу моторот кој би го придвижувал Q4 концептот, но на скиците се гледаат големите Quattro симболи па со сигурност можеме да кажеме дека концептот ќе го има одличниот погон на сите тркала на Audi. Интересен е и ентериерот со индивидуални, преклопливи седишта.

audi-q4-concept-interior-2



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.