Цените на горивата остануваат непроменети – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Цените на горивата остануваат непроменети

Републичката Комисија за Енергетика ги објави старо-новите цени на горивата кои ќе важат и следните две седмици.

Според методологијата за пресметка на цените, малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.21% – што според РКЕ не е доволно за да има некаква корекција на цените. Соодветно на тоа, цените остануваат исти. Еден литар ЕУРОСУПЕР-95 ќе продолжи да се продава по цена од 78 денари додека еден литар ЕУРОСУПЕР-98 ќе се продава по цена од 79.50 денари. И ЕУРОДИЗЕЛ горивото останува со иста цена – односно 66 денари за еден литар гориво.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.