Merecedes со двојната победа на втората трка оваа сезона која се возеше на патеката Сепанг ја потврди фаворитската улога.
Британецот Луис Хамилтон од тимот на Mercedes е победник на втората трка од календарот. Неговата водечка позиција не беше во ниту еден момент загрозена а зад себе ги остави својот тимски колега Нико Розберг и актуелниот шампион од тимот на Red Bull, Себастијан Фетел.
Првата петорка ја заокружија Фернандо Алонсо од Ferrari и одличниот Нико Хулкенберг од тимот на Force India, кои благодарение на несреќното откажување на Даниел Рикиардо кој за време на целата трка беше веднаш зад својот тимски колега, успеаа да се искачат една позиција погоре. Повторно добро настап и финиш во бодови имаа тимовите на Mclaren и Williams, а дебитантот од тимот на Toro Rosso, Даниел Квјат ги зема последните бодови.
Слично како и првата трка, така и оваа не помина со преголеми возбудувања, освен оние на самиот старт кога се создава гужва на патеката. Новата ера во Formula 1, како да ги скрати задоволството и уживањето на фановите кои што беа навикната на една поинкава слика за најбрзиот и најелитниот мотоспорт.
F1 караванот се сели во Бахреин, каде што за една недела ќе се вози третата трка од шампионатот.
Резултати ГН Малезија:
1. L. Hamilton Mercedes 2. N. Rosberg Mercedes 3. S. Vettel Red Bull-Renault 4. F. Alonso Ferrar 5. N. Hulkenberg Force India-Mercedes 6. J. Button McLaren-Mercedes 7. F. Massa Williams-Mercedes 8. V. Bottas Williams-Mercedes 9. K. Magnussen McLaren-Mercedes 10. D.Kvyat Toro Rosso-Renault 11. R. Grosjean Lotus-Renault 12. K.Raikkonen Ferrari 13. K.Kobayashi Caterham-Renault 14. M. Ericsson Caterham-Renault 15. M.Chilton Marussia-Ferrari Отк. D. Ricciardo Red Bull-Renault Отк. E. Gutierez Sauber-Ferrari Отк. A.Sutil Sauber-Ferrari Отк. J. Vergne Toro Rosso-Renault Отк. J. Bianchi Marussia-Ferrari Oтк. P.Maldonado Lotus-Renault Отк. S.Perez Force India-Mercedes
Подготви: Игор Андоноски