Поради големата побарувачка за 308, Peugeot воведува уште една смена во фабриката во Sochaux! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Поради големата побарувачка за 308, Peugeot воведува уште една смена во фабриката во Sochaux!

Работите се вртат кон подобро за Францускиот производител – покрај наградата за Европски Автомобил на Годината за 2014 побарувачката за Peugeot 308 значително се зголеми!

Ова се одлични вести за Францускиот производител – по одличното и заслужено признание за Европски Автомобил на Годината има уште добри вести за Peugeot. Побарувачката за моделот 308 е зголемена и ќе мора да биде активирана уште една смена во фабриката во Sochaux каде моделот се произведува. Новата, трета смена ќе започне со работа на 3ти Јуни оваа година, а дополнително ќе бидат отворени уште 600 работни места.

Ноќната смена ќе произведува 26 возила на час, односно вкупно 180 возила на ден и ќе го зголеми дневното производство на вкупно 1563 примероци. Оваа мерка е одговор на зголемената побарувачка на моделот 308 – до сега се направени преку 60.000 нарачки за овој модел! Се очекува побарувачката дополнително да се зголеми кон крајот на Април кога официјално ќе започне продажбата на караванската изведба на Peugeot 308.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.