Откако контраверзниот SUV на Британскиот производител на луксузни автомобили предизвика измешани реакции од јавноста, Bentley го редизајнираше својот SUV и ја најави неговата продажба!
Концептот кој се појави пред две години изнуди позитивни, но и негативни реакции од јавноста а особено од потенцијалните купувачи. Негативните реакции не ги обесхрабрија челниците, но и инженерите и дизајнерите на Bentley, па тие го официјализираа својот нов SUV. Сега за сега немаме никакви податоци, освен првата и единствена објавена фотографија.
Сепак, според објавата на Bentley, нивниот SUV ќе биде најлуксузниот и најмоќен SUV на пазарот и ќе се издвојува од сите други конкуренти благодарение на најважните карактеристики на брендот – а тоа се луксузот, перформансите, квалитетот и вештините потребни за да се направи едно вакво возило.
Со оглед на овие изјави, можеме да шпекулираме дека големиот SUV ќе биде придвижуван од еднакво големиот 6-литарски W12 мотор.