Mercedes-Benz A45 AMG навиен на 445 коњски сили! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz A45 AMG навиен на 445 коњски сили!

Тјунерската куќа Posaidon има нов тјунинг пакет наменет за AMG верзиите на A-Class, CLA и GLA на Mercedes-Benz – купувачите ќе добијат до 445 коњски сили!

Достапни се три пакети на тјунинг кои се наменети на најмалите членови на фамилијата на Mercedes-Benz да им дадат „малку“ повеќе мотивација, иако со фабрички 360 коњски сили и 450 Nm, автомобилите не се баш „гладни“ за моќ. Првиот пакет го подигнува автомобилот на 385 коњски сили и 485 Nm вртежен момент. Одете чекор понатаму и ќе добиете 405 коњски сили и 490 Nm вртежен момент, а доколку се чувствувате навистина храбри тука е Stage 3 пакетот кој нуди 445 коњски сили и 535 Nm вртежен момент!

mercedes-benz-a45-amg-by-posaidon-rear

Она што е интересно е дека иако компанијата нуди три нивоа на тјунинг, им препорачува на своите клиенти да се задржат на првото ниво на зајакнување бидејќи „A-Class / CLA / GLA браќата не се предвидени да работат со повеќе од 500 Nm вртежен момент.“ Но и со првото ниво на тјунинг, Posaidon ја трга електронската блокада за максимална брзина, па автомобилот се наближува до максимална брзина од 300 километри на час!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.