Mercedes-Benz заинтересиран да го купи Aston Martin? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Mercedes-Benz заинтересиран да го купи Aston Martin?

Почнуваат да кружат гласини дека Германскиот производител е заинтересиран за Британскиот бренд!

Aston Martin и Mercedes-Benz неодамна потпишаа договор за техничка соработка и Британскиот бренд доби пристап до ресурсите и технологиите на AMG во замена за 5% удел во компанијата, но сега почнуваат да се шират гласини дека челниците на Mercedes-Benz се заинтересирани да станат сопственици на Aston Martin. Неодамна, претседателот на Mercedes-Benz кога беше прашан за намерите на компанијата ниту ја негираше, ниту ја потврди оваа гласина.

Дополнително, гласините добиваат на кредибилитет кога ќе се напомене дека Daimler сака да ја продлабочи соработката со Aston-Martin за заедно да развиваат електрични компоненти за своите возила, но тој договор сè уште не е доведен во некоја поодмината фаза. Целосното купување на брендот зависи и од Италијанскиот концерн Investindustrial кој е сопственик на 37.5% од Aston Martin, за кои плати 150 милиони фунти.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.