Според одлуката на Регулаторната Комисија за Енергетика која беше објавена денес, малопродажните цени на сите горива се намалуваат за половина денар!
Според методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, малопродажните цени се намалуваат во просек за 0.47%. Тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95, ЕУРОСУПЕР-98 и ЕУРОДИЗЕЛ се намалуваат за половина денар. Цената на ЕУРОСУПЕР-95 ќе биде 78.50 денари, цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе биде 80.00 денари, додека еден литар ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по цена од 68.00 денари.
Цените стапуваат на сила вечерва на полноќ и ќе важат следните две седмици.