По повод јубилејот 20 години од своето постоење и 40 години Mitsubishi Motors во Европа, Мак Аутостар со интересен предлог за купувачите – возете урбан теренец!
Невообичаено, но вистинито – Mitsubishi Motors Македонија со конкретен предлог за сите оние кои сакаат да поседуваат теренско возило. Станува збор за Mitsubishi ASX – урбан теренец кој ние веќе го возевме – и кој од денес може да се купи по цена од обичен автомобил. Причина за оваа понуда е двојниот јубилеј, односно 20 години од постоењето на Мак Аутостар како и 40 години Mitsubishi Motors во Европа.
ASX поседува гени на Mitsubishi теренско возило, но и сета мултифункционалност на удобно градско возило. Токму како урбано возило е препознатливо поради исклучителната економичност и безбедност, што докажуваат бројните награди – во САД е прогласен за еден од 10-те најекономични автомобили, но и има награди за напредна технологија и во врвна безбедност од страна на NHTSA. Највисоки оценки, односно 5 ѕвездички има добиено и на EuroNCAP тестирањата.
Популарноста на ваквите автомобили расте од година во година – урбаните кросовери стануваат популарни поради нивните можности кои ги надминуваат ограничувањата на обичните автомобили. Сите овие предности се доволна причина Mitsubishi Motors Македонија да реши двојниот јубилеј да го прослави со специјална цена за Mitsubishi ASX кој опремен со 1.6-литарскиот бензинец со MIVEC технологија ќе се продава за 15.480 евра – повеќе информации можете да дознаете на нивната официјална веб страница.
Мак Аутостар како официјален претставник на Mitsubishi Motors во Македонија, по повод јубилејот планира во текот на целата година да подготви најразлични изненадувања за своите клиенти, но и за сите оние кои сакаат да се придружат на овдешното Mitsubishi семејство! Ние им го честитаме роденденот и им посакуваме многу успех во работата!
Извор: PR Mitsubishi